Паметните уреди на LG – фрижидерот InstaView ThinQ, печката EasyClean и машината за садови QuadWash – нудат hands-free искуство и исклучителна практичност.
Откако претстави паметен ормар кој се грижи за нашата облека, LG се позанимава со уште една просторија во нашите домови која е неизоставен дел од секојдневниот живот – кујната. Така, на саемот за потрошувачка електроника CES 2018 ја претстави својата визија за конектирани, паметни кујни од иднината кои ги предвидуваат потребите на корисниците и го скратувцаат времето потребно за готвење. Паметните уреди на LG – фрижидерот InstaView ThinQ, печката EasyClean и машината за садови QuadWash – нудат hands-free искуство и исклучителна практичност.
Паметниот фрижидер InstaView ThinQ има LCD екран од 29 инчи и предлага рецепти во зависност од продуктите кои се наоѓаат во него. По избирањето на рецептот автоматски испраќа информации до печката, додека Alexa вербално го води корисникот низ подготовката на јадењето. Преку фрижидерот може да се слуша и омилената музика со Amazon Music, iHeartRadio и други услуги за емитување музика. Фрижидерот овозможува и да се следи рокот на траење на храната во него, а благодарение на камерата PanoramaView која се наоѓа во фрижидерот преку телефон може да се следи состојбата во него.
Преку партнерство со компании како што се Innit и SideChef, кујнските апарати на LG со подрршка за Wi-Fi на корисниците им овозможуваат низа услуги, пишува Zimo. Така, печката EasyClean е поврзана со апликација и безжично и автоматски може да почне да се грее во одредено време. Кога и треба чистење корисникот ќе биде известен преку телефон. Печката испраќа информации до машината за садови QuadWash, која го прилагодува начинот на миење на чиниите во зависност од приготвената храна.
Конектираноста на апаратите на LG ќе ги револуционизира навиките на корисниците кога станува збор за готвењето и јадењет, велат од LG. Со поедноставување на приготвувањето на храната и на чистењето примената на вештачката интелигенција во апаратите на LG се подобрува квалитетот на животот на корисниците.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли