Британскиот астрофизичар Стјуарт Кларк, авторот на книгата „Непознатиот Универзум“ објасни зошто некои поединци и понатаму веруваат дека Земјата е рамна.
– Очигледно е дека Земјата не е рамна. Тоа може да биде проверено на неколку начини, на пример кога бродовите ги напуштаат пристаништата и пополека исчезнуваат на хоризонотот. Кога ќе се качете на врвот на највисоката зграда или рид и гледате подалеку од хоризонтот, објаснува Кларк.
Тој кажа дека целата наша физиономија е створена во склад со округлата планета и дека светот е тридимензионален.
– Сликите од вселената докажуваат дека нашиот свет е глобус, а луѓето и натаму веруваат дека Земјата е рамна. Ние сме луѓе и сакаме приказни бидејќи тие им даваат смисла на нашите животи, на нашиот све. Тие ни даваат смисла, дури и кога се неразбирливи. Науката, од друга страна, е една приказна која е вистината и чие тврдење може да биде докажано со експерименти, вели астрофизичарот.
Кларк вели дека постојат приказни кои и егазктната наука и целото постоење на Универзумот може да го доведат во прашање.
– Таквите приказни се доста комплицирани бидејќи луѓето кои веруваат во нив ја одбиваат реалноста, па дури и науката, благодарејќи на удобните митови во кои веруваат. Во својата приказна се чувстуваат како дома, митовите ги прават среќни бидејќи ги познаваат, рече Кларк.
Тој ги прашува луѓето кои веруваат во оваа теорија колку е дебела плочата, дали може да се падне од ивицата на плочата, што ја предизвикува гравитацијата?
– Рамната површина е многу нестабилна, што значи дека другите сили би ја терале да биде флексибилна и цело време да се поместува. Тешко е да се зборува за тоа како би изгледала Земјата доколку е рамна, бидејќи тоа е невозможно, заклучува Кларк.
Поврзани артикли