Вештачки остров опкружен со ветерници во средината на Северното Море би можел да помогне да се донесат големи обновливи извори на енергија во Европа до 2050 година.
Холандската енергетска компанија TenneT тврди дека нејзините планови за Северното Море каде има прилично силен ветер имаат потенцијал за снабдување на 70 до 100 милиони европејци со енергија од обновливи извори во период од повеќе од 30 години.
Планот вклучува земјите-членки на Европската унија да соработуваат во трговијата со оф-шор фарми со ветерници поврзани со вештачки острови кои обезбедуваат ефективна платформа за доставување на енергија од обновливи извори.
Во моментов фармите на ветер кои како проекти се ограничени од географски причини, не можат да ги дадат бараните капацитети поради слабиот ветер на крајбрежјата. Оф-шор фармите со ветерници ќе бидат многу поефикасни и поевтини за одржување.