Кина ќе испрати посебна сонда на темната страна на Месечината и ќе одгледува билки на неистраженото подрачје наречено Јужен Пол-Аиткен.
Новата вселенска мисија „Chang’e 4“ ќе биде лансирана во јуни со ракетата Long March 4C што ќе го понесе сателитот тежок 425 килограми и ќе го постави во орбитата на 60.000 километри зад Месечината.
Со второто лансирање подоцна ќе биде испратен роверот на оддалечената т.н. темна страна на Месечината и сателитот ќе го води безбедно да слета таму.
Тоа ќе биде прво спуштање на темната страна на Месечината, во пределот каде има огромен басен што се протега од Јужниот Пол на Месечината до кратерот Аиткен.
Кинезите ќе го пратат роверот на кој ќе има „градинарски прибор“ со кој ќе се одгледуваат билки, а исто така ќе бидат испратени и инсекти.
Темната страна на Месечината всушност не е темна, таа е осветлена подеднакво како страната што се гледа од Земјата.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли