Научниците од Нов Зеланд откриле дека едноставните шеќери како гликозата можат да ги забават когнитивните функции на нашите мозоци и со тоа да предизвикаат „затајување на интелегенцијата“. Според последната студија спроведена на Универзитетот во Отаго, шеќерите ја менуваат нашата перцепција и работата на мозокот.

За да направат проценка на влијанието на шеќерот на менталните активности, научниците од Универзитетот во Отаго, Нов Зеланд, применуваат пакет од когнитивните тестови врз 49 волонтери, 20 минути откако истите ставиле во стомак по некој од трите вида шеќер: гликоза/сахароза (рафиниран шеќер), фруктоза (овошен шеќер) или вештачки засладувач (сукралоза).

 

Авторите утврдија дека поединци кои користеле рафиниран шеќер пред да почнат да ги решаваат тестовите, имале значително послаби резултати од другите кои конзумирале фруктоза или вештачки засладувачи. Штетните ефекти на гликозата и сахарозата се посилни ако учесникот ги употребил по 10 часа гладување.

Човечкото тело ја претвора гликозата и фруктозата во сахароза. Но, за разлика од гликозата, фруктозата не ја преминува крвно-мозочната бариера.