Превенција и рана дијагностика на Алцхајмерова болест/деменција во Република Македонија” e проект кој ќе го реализираат здруженијата за Алцхајмерова болест, „Јустиција“ и Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, кои денеска во Куманово потпишаа Меморандум за соработка.
Од „Јустиција“ изјавија дека потпишале Меморандум тргнувајќи од потребата за поуспешна превенција, рано откривање и остварување на заштитата на лицата кои заболуваат од Алцхајмерова болест.
– Трите здруженија се членки на мрежата Инклузива М (за социјална инклузија на старите лица во Република Македонија) од 2016 година и остваруваат континуирана активност и соработка со други сродни здруженија и организации во Република Македонија, изјави Оливера Доцевска од „Јустиција“.