Бразилските еколози се обидуваат да откријат која е причината за смртта на 80 сиви делфини во Заливот Сепeтиба во изминатиот месец.
Во соопштението на Институтот „Сив делфин“ се наведува дека делфините што припаѓаат на загрозен вид, загинале во изминатите 17 дена во заливот што се наоѓа на околу 70 километри од Рио де Жанеиро.
Еколозите од Институтот успеале да извадат пет трупови на мртви делфини од заливот, но засега не е позната причината за ваквиот помор.
Резултатите од лабораториските испитувања се очекуваат кон крајот на јануари.
Извор: Blic.rs