Научниците предупредуваат дека повеќе од една четвртина од Земјата ќе се соочи со невидена суша, дури и ако човештвото успее да го ограничи зголемувањето на глобалната температурата на 2 степени Целзиусови.
Во случај да се успее да се задржи загревањето на 1,5 степен, тоа би можело да го ограничи сушењето за една десеттина, со што би се спасиле две третини од Земјата, стои во исвештајот од истражувањето објавен во списанието „Природни климатски промени“.
Су-Јонг Јеонг од Универзитетот за наука и технологија во Шенжен, Кина, еден од авторите на истражувањето, нагласува дека со загревање од 1,5 степени Целзиусови делови од Јужна Европа, Јужна Африка, Централна Америка, крајбрежјето на Австралија и југоисточниот дел на Азија би се спасиле од огромна штета.
„Границата од 1,5 степени Целзиусови би ја намалила веројатноста од суши и последиците што произлегуваат од тоа“, вели Јеонг.
Заедно со групата научници тој ги анализирал проекциите на седум климатски модели низ различни сценарија за глобално затоплување за да ги предвиди шемите на сушење на Земјата.
Извор: vesti-online.com