Електричниот транспорт станува главен елемент на оваа деценија и ќе влијае врз начинот на кој ќе патуваме во наредните години. Електричните возила повеќе не се само новина резервирана за екстрентрикот. Благодарение на напорите на Илон Маск и неговиот тим од „Тесла“, светот на возилата е далеку подостапен и поефикасен за бизнисите и поединците.
Електричната ревоволуција започна насекаде низ светот. И бизнисите и владите ја разбираат не само економската вредност што ја нуди електричното возило, туку и очигледните поволности за животната средина. Вашите дневни патувања би можеле да станат и електрични, а ова е и повеќе од очигледно во Шенжен, Кина затоа што ја откри својата масивна електрична автобуска флота. Проектот што траел години, сега заврши, две години пред предвидениот датум и тоа со импресивни 16.358 електрични автобуси.
Автобусите ќе им служат на 12 милиони кинески граѓани, а ќе имаат 8.000 поени за полнење на 510 станици за да можат да се полнат во било кое дадено време. Се проценува дека новата електрична флота би можела да спаси 345.000 тони гориво годишно и да ја намали емисијата на јаглерод диоксид за 1.35 милиони тони.
Електричните пормени не застануваат тука за луѓето од Шенжен. „Постепено ќе ги замениме постојните такси возила на гас, со возила на електрична енергија. Ова ќе го завршиме до 2020 година или можеби пред предвиденото време“, вели Женг Џингју, шеф на одделот за јавен превоз во Шенжен.
Бројот на електрични возила порасна во текот на минатата година. „Блумберг Њу Енерџи Фајненс“ проценува дека продажбата пораснала за 60 отсто во целиот свет, а до 2040 година, 35 отсто од електричните возила ќе придонесе за целокупниот автомобилски пазар. Зошто се случува ова?
Покрај зголемената популарност на електрични возила, постојат и други главни причини зошто електричните возила се толку привлечни за компаниите и владите. Некои од овие фактори го вклучуваат и тоа што цената на батериите паѓа, опсегот на електрични автомобили се золемува, како и поради глобалниот императив да се намали загадувањето на јаглерод и зависноста од нафта.
„По дефиниција, мораме да се движиме кон обновливите извори на енергија. Како може луѓето да се против тоа? Да си против тоа е исто како да кажеш дека на крајот човештвото ќе има недостаток од електрична енергија или цивилизацијата ќе пропадне“, вели Илон Маск.