Кина започна да користи огромни машини за градење острови со цел да трансформира уште поголем дел од регионот околу спорните гребени во Јужното Кинеско Море.
Пекинг тврди дека му припаѓа речиси целото море и веќе почна со поставување воени објекти и опрема во областа за која има спротивставени тврдења со соседите.
„Текот на изградбата се движи напред и постигната е серија на неверојатни резултати“, се вели во извештајот што беше објавен вчера на веб-страницата предводник на Комунистичката партија.
Проектите целосно го променија ликот на островите на Јужното Кинеско Море и на гребените, се вели во извештајот.
Агресивната кампања веќе подолго време е извор на расправии со соседните земји. Тврдењето дека Кина ја поседува земјата се преклопува со тврдењата за поседување на Виетнам, Филипините, Малезија и Брунеи, како и Тајван.
Во 2017 година Кина изгради 290.000 квадратни метри објекти на гребените и островите на Јужното Кинеско Море, вклучувајќи подземно складиште, административни згради и големи радарски инсталации.
„За да се подобрат животот и условите за работа на луѓето што живеат на островите и за да се зајакне неопходната воена одбрана на Јужното Кинеско Море во рамките на суверенитетот, Кина рационално ја прошири областа на своите острови и гребени“, се вели во извештајот. Се смета дека морето поседува огромни нафтени деривати.
Во извештајот се истакнува дека со воведување на новиот супер „Тианџинг“, магична машина за градење острови, како и други магични машини, наскоро областа околу островите и гребените на Јужното Кинеско Море ќе одат чекор понатаму. Исто така, Кина гради пловечка нуклеарна централа за да обезбеди електрична енергија за оние што живеат во областа на градот Санша.
Претходно овој месец еден американски тинк-тенк објави нови сателитски снимки што покажуваат распоредување на радарот и друга опрема на спорните острови.
Иницијативата за морска транспарентност во Азија соопшти дека во текот на 2017 година Кина ја унапредува следната фаза на развој со изградба на инфраструктура за поддршка на воздушните и поморските бази, како што се подземни складишта и големи радарски сензори.
Поврзани артикли