Истражувачите од Националниот центар за воена медицина во САД, гордо најавија дека успеале да развијат супстанција која го блокира дејството на хероинот. Лекот веќе е тестиран кај животни – лабораториски глувци и стаорци, а резултатите беа објавени и во стручниот магазин Journal of Medicinal Chemistry.
Новиот лек има антитела кои го спречуваат движењето на опојните молекули низ крвно-мозочната бариера. За зависниците, ова значи дека, без оглед на примената доза, тој нема да ги доживува психоактивните ефекти на лекот.
Истражувачите велат дека новиот лек не само што го спречува хероинот да стигне до мозокот, туку и на други опијати. За да ги завршат тестовите, на научниците ќе им требаат веројатно неколку години.
Поврзани артикли