Компанијата Apple во една секунда заработува 1.444,7 долари и се наоѓа многу пред сите останати компании, покажува најновата инфографика на TitlMax, каде најдобро може да се види приходот на највредните светски компании во една секунда.
Alphabet (Google) е на петтото место со приход од 615,96 долари, додека Microsoft е на седмото место, со приход од 531,21 долар во секунда.
Според овие податоци, Apple минатата година заработил 45,5 милијарди долари, што е двојно повеќе од втората компанија на листата на банката JP Morgan Cheis, која во секунда остварува приход од 782,14 долари, додека Wall-Mart, кој се наоѓа на врвот на Fortune 500 графиконот како бренд број еден, е со приход од 431,43 долари во секунда, но се уште е пред Intel, кој заработува 326,22 долари во секунда.
Поврзани артикли