Во последно време имавме прилика да видиме доста препирки меѓу компаниите Amazon и Google. Изгледа дека Amazon ќе ги преземе наредните чекори во борбата против својот најголем ривал и тоа со удар на најпопуларниот видеосервис YouTube. Amazon поднесе барање за своите нови производи Amazon Tube и Open Tube.
Benchmark информира дека Amazon неодамна од својата понуда го исклучи Google Chromecast откако Google го повлече YouTube од Amazon FireTV и од сите Echo Shows програми. Истиот ден кога Google објави дека YouTube ќе го снема од сервисите на Amazon од 1 јануари 2018 година Amazon го поднесе барањето за Amazon Tube и Open Tube.
Amazon во апликацијата истакна дека Open Tube и Amazon Tube треба да обезбедат содржини базирани на однапред снимен звук, визуелни и аудио-визуелни елементи, кои потоа ќе може да се симнат од Интернет. Содржините ќе се нудат преку безжични мрежи и ќе опфаќаат различни теми. Ова значи дека веројатно станува збор за директен конкурент на YouTube во иднина.