После долги години најави и демонстрирање на атрактивни видеозаписи, Magic Leap конечно го претстави уредот кој би можел да го промени начинот на интеракција на луѓето и компјутерите.
Демонстрациите кои што ги објавуваше Magic Leap во последните две-три години откриваа како нивната технологија совршено вклопува виртуелни објекти во реалниот свет. Се чини дека технологијата на оваа компанија ќе донесе револуција на пазарот за проширена реалност, односно мешана реалност.
Magic Leap е основан во 2011-та година и досега се собрани над две милијарди долари од големи компании како што се Alphabet и Alibaba, што доволно говори за потенцијалот на оваа компанија и нивната технологија.
После неколку одложувања, првиот (тест) уред е претставен конечно вчера, а очилата за проширена реалност се наречени Magic Leap One Creator Edition, па финалниот уред на маркетот би требало да се појави во текот на идната година и ќе биде наменет за програмерите кои што ќе можат да ја искористат технологијата за развој на софтвер.
Уредот се состои од очилата Lightwear кои се опремени со сензори и камери, мал, но моќен компјутер Lightpack во облик на хокеарски пак и бежичен контролер, едноставно наречен Control.
Сензорите на очилата можат да ја препознаат околината во која што корисникот се наоѓа – ѕидови, површини и разни физички објекти. Очилата се базирани на таканаречената Digital Lightfield технологија која, како што велат од Magic Leap – „генерира дигитална светлина со различна длабочина и реално се претопува со природната светлина и прикажува живописни дигитални објекти кои што коегзистираат во реалниот свет“.
Неодамна во разговор за магазинот “Rolling Stone” чиј што новинар имал можност да ја тестира „магијата“ на овој уред за проширена реалност, креативниот директор на MxR Lab на USC Institute for Creative Technologies, Дејвид Нелсон, истакна дека ваквите технологии не приближуваат кон целосно нов начин на интеракција на луѓето и компјутерите и порача: „Ова е смрт за реалноста“.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли