Американската компанија Facebook соопшти дека ќе го промени начинот на кој утврдува и обележува лажни вести на својата онлајн платформа и дека новиот систем ќе биде поефикасен.
Социјалната мрежа досега ставаше ознака „спорно“ на објавите што системот ги означуваше како „лажни вести“, а во иднина до таквите објави ќе има понудено „поврзани објави“ врз чија основа ќе се увиди што е неточно во објавената содржина.
Facebook вчера соопшти дека новиот систем се покажал како поефикасен на тестирањата, односно дека помалку лажни вести биле споделувани на Facebook кога до нив биле поставувани објави што ги разоткриваат, отколку кога биле обележувани како „спорни“.
Новиот пристап би требало да придонесе и за забрзување на понекогаш пребавниот систем за утврдување на точноста на информациите споделени на Facebook, бидејќи во иднина ќе биде доволно само еден канал за проверка на факти да ја означи објавата како нетоќна, а досега беа потребни два.