Дали знаете убаво да си го спакувате куферот кога треба да патувате некаде? Доколку баш и не ве бидува, сигурно многу често не знаете што каде сте ставиле,а облеката ви е целата изгужвана. Shelfpack куфер кој истовремено е и шкаф. Тој има вградени „фиоки“.
Кога ќе го отворите куферот се што треба да направите е да ги подигнете „фиоките“ кои се склопуваат и да ги закачите. На овој начин алиштата секогаш ќе ви бидат организирани. „Фиоките“ ви овозможуваат да си ја распределите облеката за секогаш да знаете што каде ви е.
ShelfPack е дизајниран да има големина на стандардни куфери: 66 см х 46 см х 35 см, а тежи 7,71 кг. Кога ќе се извлечат фиоките куферот е висок 107 см. Куферот е исработен според концепт на Кен Меккаба, софтверски инженер од САД, кој замислил куфер во кој нема да мора да претурите се за да најдете пар чорапи.
Поврзани артикли