Научниците пронашле микропластика во школките од европскиот Арктик па се до Кина, што укажува на глобалното загадување на океаните со пластика, која лесно може да се најде на вашите чинии.

Школките во навидум совршено чистите арктички води во себе имале најмногу пластика од било кои други тестирани на норвешкиот брег, велат резултатите од истражувањето кое овој месец го објавил Норвешкиот институт за истражување на квалитетот на водата.

A leading scientist on the import of discovery that tiny bits of plastic are contaminating mussels from the European…

Posted by Tom Davis on Среда, 20 декември 2017

“Пластиката до северот можеби ја донеле океанските струи и ветрови од Европа и Америка, па таа на крајот кружи во Арктичкиот океан”, вели научничката на NIVA, Ејми Лишер и додала дека кога и да истражувале и барале научниците, секогаш наоѓале микропластика кај школките.

Досегашните истражувања откриле дека микропластика има во водите на Кина, Чиле, Канада, Велика Британија, Белгија и други. Во норвешките води, школките во просек имале 1,8 парчиња микропластика, а на Арктикот 4,3 парчиња.

Минатата година, кинеските научници предупредувале дека школките би можеле да бидат глобален биоиндикатор на загадувањето со микропластика, бидејќи живеат на морското дно, каде завршува добар дел од пластиката.

Влијанието на микропластиката на морските животни и луѓето уште не е утврдено со сигурност. Научниците сметаат дека е ризично единствено доколку се изедат големи количини на школки.

“Ова е предупредување дека мора да направиме нешто да се намали пластиката во океаните”, рекол експертот за микропластика Ричард Томпсон, професор на Универзитетот во Плимут.

Речиси 200 нации ја потпишале резолуцијата на ОН за елиминација на загадувањето на морето од пластика, од шишиња до кеси и амбалажи. Се проценува дека во морињата секоја година завршуваат 8 милиони тони пластичен отпад.

Истражувањата на Томпсон покажале дека големите количини на пластика на морското дно можат да бидат штетни за животните кои таму живеат и дека пластиката може да им се собира во ткивата. Пластиката едноставно минува низ цревата на живите суштества.

Томпсон рекол дека изложеноста на човекот на микропластиката во рибите и плодовите веројатна е помала од таа која потекнува од другите пластики во секојдневна употреба, од играчки до синтетички јакни. Кина и ЕУ се најголеми произведувачи на школки, а вредноста на таа трговија се проценува на три милијарди долари.

https://www.youtube.com/watch?v=o7qDjRoLwsQ

Извор: Kurir.rs