Развојот на 5G мрежата трае долго, но 3GPP организацијата, која управува со стандардите за Интернет, ги усогласи и ги потпиша првите спецификации за 5G мрежата, стандардот 5G NR на состанок во Лисабон, Португалија. Постигнувањето договор за стандардот за изгледот на 5G мрежата е голем чекор напред кон креирање реални и комерцијални 5G мрежи. На овој начин технолошките компании имаат јасна слика за тоа што треба да го изградат.
Како што беше и очекувано, 5G мрежата ќе обезбеди широк спектар на примена. Оваа мрежа ќе отвори поголеми капацитети од постојните, односно доволно широк појас за транспорт на исклучително големи количини податоци за многу кратко време.
5G мрежите во иднина ќе бараат секоја базна станица да овозможи симнување податоци од Интернет со брзина од најмалку 20 Gbps, додека сега 4G LTE нуди само 1Gbps. Системот 5G ќе поддржува поврзување и до милион уреди на површина од 1 квадратен километар, така отворајќи простор за развој на паметни уреди. Секој уред во домаќинството, секој автомобил и секој мобилен уред ќе бидат цело време конектирани на Интернет. Секој уред ќе добие до најмногу 100 Mbps за преземање и 50 Mbps за прикачување.
Повеќе детали за сите стандарди на 5G мрежите ќе бидат објавени на крајот на неделава, но сега кога се усогласени сите стандарди топката е во рацете на компаниите кои сакаат да развиваат 5G мрежа.
Извор: Klix.ba