НАСА ја разгледува можноста до 2069 година да организира прва експедиција до ѕвездениот систем Алфа Кентаур, во потрага по вонземски живот, објави списанието „Њу Саентист”.
Според весникот, 2069 година е одбрана за да се совпадне со стогодишнината од стапнувањето на човекот на Месечината во 1969.
Меѓутоа, овојпат кон Вселената нема да полета човек, туку сонди. А, најблиската нам егзопланета од Алфа Кентаур, кон која ќе се упатат леталата, е оддалечена 4,4 светлосни години.
За да се запази предвиденото време, намерите се сондите да се движат со барем десетина од брзината на светлината. А, доколку се оди според планот, мисијата ќе продолжи и наредните 44 години, односно до 2113 година.
Сепак, научниците сметаат дека се уште ја немаат потребната технологија за таков потфат.
– Се е како во магла. Но, до 2069. има доволно време – вели еден од авторите на проектот, Ентони Фримен од Лабораторијата за реактивни мотори при НАСА во Калифорнија.