Елон Маск на својот Twitter профил објави слики од скоро комплетираната Falcon Heavy ракета во Кејп Канаверал, Флорида, со што ни го даде најдобриот поглед кон она што очекува да го види цела јавност – комплетирањето на ракетата.
Лансирањето на ракетата е закажано за јануари 2018, а сликите кои ги добиваме излгедаат многу ветувачки.
Ракетата Falcon Heavy се состои од три Falcon 9 јадра споени заедно и најверојатно таа ќе може да се употребува неколкупати, што значи дека трите јадра ќе се вратат на Земјата по лансирањето, за да можат повторно да се употребуваат.
Маск рече дека надворешните јадра на ракетата кои ќе бидат употребени на претстојното лансирање се од претходните летови на ракетите Falcon 9.
Falcon Heavy at the Cape pic.twitter.com/hizfDVsU7X
— Elon Musk (@elonmusk) December 20, 2017
Како што е познато од претходно, Falcon Heavy ќе биде една од најмоќните ракети некогаш произведени, и ќе биде способна да носи товар од 63.000 килограми во пониската орбита на Земјата.
Поради константните одложувања на лансирањето, Маск ги постави очекувањата многу ниско, напоменувајќи дека би бил среќен и доколку ракетата само полета доволно високо за да не предизвика штета на докот за лансирање.