Во бродоградилиштето Уљаник во Хрватска се гради првиот луксузен крузер со шест ѕвездички. Вреди околу 200 милиони евра, а ќе биде наменет за пловидба во поларните подрачја. Сите кабини, вкупно 114, имаат тераса, а ќе има и апартмани од 100квадратни метри. Најмалата кабина ќе има површина од 30 квадратни метри.
Бродот ќе биде долг 160 метри, и ќе биде наменет за само 240 патници со цел максимално да уживаат во комфорни услови. Нарачател на овој крузер е австралиска компанија, која има околу 20 бродови во својата флота но исклучиво наменети за речна пловидба. Ова е нивниот прв крузер за поларни подрачја, но и прв во светот од висока ICE-класа.