Марс стана ненаселив кога неговата кора ја апсорбирала водата од површината, заклучуваат научниците од Оксфорд.
Новото истражување покажало дека оваа планета до пред три милијарди години била прекриена со вода, слично како Земјата, ама дека денес Марс е пуст и сув.
– Водата на Марс реагира со тазе еруптираната лава, која подоцна станува негова кора. Хемиската реакција меѓу водата и лавата довеле до измена на минералниот состав на карпите и ја направиле Црвената планета непогодна за живот – тврди Џон Вејд, водечкиот автор на студијата објавена во магазинот „Нејчр“,
Најголемата разлика меѓу Марс и Земјата, наведува научникот, е во тоа што Марс содржи повеќе железо, со што почвата може да задржи дури 25 отсто повеќе вода од онаа на Земјата.