Роботите со вештачка интелигенција во иднина ќе може да имаат деца со нивните сопственици, благодарение на најновите достигнувања во науката, тврди Дејвид Леви, експерт за вештачка интелигенција и автор на книгата „Љубов и секс со роботи“.
Леви тврди дека последните откритија во полето на истражување на матичните клетки, бионанотехнологијата, роботската генетика и создавањето вештачки хромооми би можело да доведат до создавање роботски деца.
Иако не е сигурен кога би можело тоа да се случи, научникот вели дека роботските бебиња би можело да почнат да се раѓаат за околу 100 години, објави „Daily Mail“.
На Меѓународниот конгрес во Лондон тој го наглаи истражувањето на Универзитетот на Охајо во чии рамки е развиен нанотехнолошки чип што успешно го вбризгува генетскиот код во клетките на човечката кожа.
Леви смета дека истиот процес, познат како нано трансфекција на ткива, би можело да овозможи пренесување на генетскиот код на роботот на потомството заедно со човечкиот код.
Слично мислење има и творецот на секс роботот Силикон Саманта, Серги Сантос, кој смета дека роботите и луѓето во иднина ќе може да се венчаваат.
Тој смета дека специјален компјутерски софтвер ќе биде задолжен за производство на мозоци со вештачка интелигенција и тридимензионални шеми за „печатење“ на телото на детето.
„Потоа во произведениот мозок ќе се вградуваат морални вредности, концепти за убавина, правда и останатите човекови вредности. Потоа би направил алгоритам со моите убедувања за тие концепти и ќе ги ускладам со уверувањата на мојата роботска партнерка. И тоа е тоа. Ќе испечатам дете што ќе биде спој на мене и неа. Не гледам никакви компликации во врска со тоа“, вели Сантос.
Извор: Telegraf.rs