Британската компанија Clubit New Media Limited собира средства за почеток на сериско производство на најмалиот мобилен телефон во светот. Вкупните димензии на моделот Zanco Tiny T1 се 46,7 x 21 x 12 mm, со тежина од само 13 грама.
Уредот со монохроматски екран од 12,5 мм нема никакви дополнителни функции освен повици и пишување текстуални пораки. Батеријата трае до 3 дена и се полни преку microUSB.
Во листата на контакти има 300 слободни места и меморија да здржи 50 SMS и 50 неодамнешни повици. Ако влезе во производство, Zanco Tiny T1 ќе чини околу 30 фунти (34 евра).
Поврзани артикли