За да се олесни прифаќањето на електричните автомобили консументите мора да знаат дека лесно ќе можат да ги наполнат возилата како да се автомобили на дизел или на бензин. Компаниите како Tesla инсталираа стотици суперполначи во целиот свет од САД до Австралија и Европа, па дури и во Кина.
Автомобилските компании како BMW, Ford и Volkswagen заедно ќе соработуваат на паневропска мрежа за полнење наречена IONITY. Мрежата ќе биде составена од 400 полначи во Германија, Норвешка и Австрија до 2020 година. Станиците за полнење се поставени на автопати или во населени урвани средини за полесно полнење на електричните возила.
Сега уште две компании – компанијата за енергија и е-мобилност E.ON и данскиот провајдер на е-мобилност CLEVER — ќе склучат партнерство за градење нова мреж од станици за полнење. Во текот на наредните три години ќе постават 180 ултрабрзи станици за полнење во 7 земји меѓу Норвешка и Италија, Секоја станица ќе има капацитет од 150 kW, што е речиси исто колку станиците на Tesla, но многу помалку од станиците на мрежата IONITY од 350 kW.
За иницијативата веќе имаат добиено 10 милиони евра од Европската комисија и ова е еден од четирите проекти кои ќе бидат анализирани. Првите станици ќе се изградат во Германија и во Данска со по 2 до 6 полначи. Според E.ON, секој полнач ќе може да наполни батерија со досег од 400 километри за 20-30 минути.
Извор: Иновативност.мк