Sony Xperia XZ1 е најмоќниот адут на Sony, а иако е стар само неколку месеци, овој паметен телефон сега добива големо намалување на цената.
Sony Xperia XZ1 беше претставен во септември оваа година, но од јапонската компанија одлучија да ја намалат цената на својот паметен телефон уште сега, само неколку месеци подоцна.
Така, почетната цена е намалена за околу 200 фунти, што значи дека новата цена на Sony Xperia XZ1 изнесува 599 фунти, пренесува „Мирор“ и додава дека со намалувањето на цената, телефонот станал попристапен и сега благодарение на тоа, претставува вистинска конкуренција на iPhone на Apple.
Понудата е уште подобра ако се земе во предвид и тоа што Sony со телефонот бесплатно ги дава и Xperia Ear слушалките ако го купите телефонот на нивната официјална онлајн продавница.
Станува збор за одлични бежични слушалки кои што инаку чинат 179 фунти, се конектираат со вашиот телефон и овозможуваат праќање и примање на пораки, проверка на роковникот и пребарување на интернет преку гласовни команди.