Многумина го доживеале оној чуден момент кога во “People You May Know” на Фејсбук здогледале некој познаник потполно неочекувано.
Една жена во “People You May Know” ja здогледала својaтa далечнa роднина со која немала никаков заеднички пријател, никакви заеднички интереси, ниту живеат во истиот град, а никогаш не се ни виделе.
“Благодарна сум што на Фејсбук ја добив таа шанса да зборувам со роднина која никогаш не сум ја видела, но сè уште се прашувам како таа се најде помеѓу препорачаните пријатели”, вели оваа жена.
Фејсбук објаснува дека опцијата “People You May Know” предлага кориснички профили со оние кои имате најмногу заеднички пријатели или сте тагнати на истата фотографија.
Сепак, ова не е прв случај Фејсбук без никакви заеднички поврзаности да препорача луѓе од нашите животи на кои можеби и сме заборавиле.
На кој начин се врши оваа селекција, Фејсбук и понатаму молчи.