Луѓето се сѐ помалку интелигентни, а причината за тоа се подобрените услови на живот на современите генерации кои што го симнуваат степенот на генијалноста, смета познатиот антрополог Едвард Датон.
„Сите овие промени ги констатираме во последните стотина години. Нашите нови генерации стануваат сѐ помалку паметни и помалку интелектуално развиени, а сето тоа е последица на генетиката“, вели Датон кој што предава антропологија на универзитетот во финскиот град Оулу.
Според Датон, интелектот „80% се наследува“. Во пракса претходно постоела моќна природна селекција во корист на попаметните. Таквите претставници на човештвото обично биле помоќни и во позиција повеќе да се размножуваат и да имаат повеќе потомство.
Во 19-тиот век нивото на интелектот станало поголемо, а тоа резултирало со разни откритија. „Дошло до индустриската револуција“, вели Датон и укажува на значењето на појавата на вакцините, кои што ја намалиле раната смртност.
Истовремено, во сиромашните семејства започнале се повеќе деца да „преживуваат“, а тие кои што биле побогати и биле подобро образовани, веќе имале помалку деца. На овој тренд влијаеле и образованите жени од побогатите семејства кои што немале повеќе време да гледаат многу деца.
Теоријата на Датон која што се сведува на тоа дека поинтелигентните и пообразовани луѓе имаат помалку деца, а помалку интелигентните и сиромашни луѓе имаат повеќе деца и затоа опаѓа интелигенцијата на глобално ниво, не им се допаѓа на луѓето од научниот свет, иако многумина сметаат дека има основа за таквото тврдење.
Датоновата теорија на крајот исто така е исфрлена од конечната верзија на филмот „Арт Канал“, а Датон вели дека тоа е така затоа што јавноста се плаши од неговите научни заклучоци.
Извор: Klix.ba