Македонски Телеком вброи уште едно значајно признание од светски размери за својот иновативен приод во работата. Овој пат станува збор за светската награда „Деловна брилијантност“ доделена во категорија на кориснички услуги од страна на реномираната британска групација за организација на глобални настани и обуки „БОЦ“.
На церемонијата, одржана во четвртокот, на 7 декември, во Лондон, Велика Британија, во конкуренција на проекти од целиот свет, Македонски Телеком ја освои првата награда за своето напредно автоматско решение за корисничка поддршка Facebook Messenger Chatbot.
Facebook Messenger Chatbot-от на Македонски Телеком (уште наречен „Виртуелен асистент”) претставува прв чекор кон остварување на напредна, автоматска кориничка поддршка. Ова во основа е почетокот на проект за создавање вештачка интелегенција (В.И.), која ќе овозможи помош и поддршка на клиентите на Македонски Телеком, 24/7.
Групација за глобални настани и обуки „БОЦ“ (BOC Global Events & Training Group) е професионален глобален организатор на настани и корпоративен тренинг, посветен на давањето поддршка и помош на организациите да создадат нов пазар, односно, стратегија на “син океан”, со што конкуренцијата станува ирелевантна.
Со седиште во Лондон, групацијата „БОЦ“, која е меѓу највлијателните компании во светот во доменот на деловни награди, го пренесува своето знаење на корпорации низ целиот свет, а особено во Европа, Блискиот Исток, Африка и Азија.