Зад името K2-18b се крие планета за која е многу веројатно, дека во не толку долг временски период, би можело да се заклучи дека на неа постојат услови за развој на живот. Што се однесува до астрономите, таа ги исполнува сите услови.
Околу својата матична ѕвезда, на оддалеченост од 111 светлосни години од Земјата, планетата орбитира во зона во која би било спектакуларно да се најде било каква поинаква планета освен оние чија површина ја покриваат карпи.
Покрај тоа, голема е веројатноста дека на неа владеат услови во кои е возможно постоењето на океан или вода за пиење.
До ова откритие дошле астрономите од Универзитетот во Тексас, користејќи податоци кои со своето набљудување на вселената ги собрала јужната европска опсерваторија.
Дали на таа планета би можело да има вода или не, покрај од положбата на орбитите околу ѕвездата, зависи и од тоа дали планетата има доволна маса и за каква матична ѕвезда станува збор.
Сигурно е дека планетата има атмосфера, а бидејќи кружи околу ѕвездите класифицирани како црвено џуџе, тоа значи дека има и услови за вода. Со тоа се доаѓа до заклучок дека на неа е возможен и живот.
Црвените џуџиња, инаку, се ѕвезди чија маса изнесува меѓу 8 и 57 отсто од масата на Сонцето.
Во обид да ја измерат масата и другите карактеристики на оваа планета, астрономите воочиле уште една планета околу истата ѕвезда. Таа го добила името K2-18c.
„Тоа што успеавме да ја измериме масата и густината на K2-18b е генијално. Но, тоа што успеавме и притоа да откриеме уште една планета беше чиста среќа, но и подеднакво возбудливо искуство“, изјави лидерот на овој проект од Монтреал Рајан Колутје.
Единствена разлика во однос на нашата планета, од досегашните знаења за планетата „b“, е тоа дека таа е нешто поголема од Земјата.