Американската технолошка компанија Apple преговара за преземање на апликацијата за препознавање мелодии и песни Shazam, објави сајтот за технолошки новости Techcrunch.
Според интернет страницата, компанијата од Купертино би можела уште во понеделник да го објави договорот за купување на Shazam.
Techcrunch повикувајќи се на анонимни извори, наведува дека купопрoдажбата би можела да чини околу 400 милиони долари, иако вредноста на Shazam е проценета на над една милијарда долари.