Историски гледано, Месечината се сметала за суво место на кое не постои вода. Но, во поново време постојано наоѓаме докази кои укажуваат на спротивното, односно докази кои велат дека Месечината е многу послична на Земјата во однос на водата од досегашните убедувања.
Претходните истражувања биле базирани на примероци донесени од Аполо 15 и 17, во 1971 и 1972 година. Во 2008 година, научниците пронајдоа стаклени вулкански формации, со што се најавија теориите дека Месечината всушност е место на кое има вода. Дури и малото количество на вода може да биде доволно за да настанат овие формации. Лавата се исфрла за неверојатно брзо време и, поради нејзината молекуларна структура, таа не е временски возможно да се преоформи во цврста карпеста форма, па затоа се претвора во еден вид стаклена површина. Ова може да настане со инстантно ладење во вода, но и доколку горните слоеви се всушност лава која била исфрлена низ воздухот и се оладила попатно.
Ова истражување користи база на податоци од индискиот сателит Чандраја-1 (Chandrayaan-1), кој орбитира околу Месечината. Со проучување на светлината која се рефлектира од површината научниците успеале да го откријат составот на минералите кои се наоѓаат на Месечината. Притоа, откриени се докази за постоење на вода како дел од вулканските стаклени формации. Се смета дека составот е воглавно од молекула ОH.
Не е познато дали водата била донесена преку астероиди или веќе била присутна во внатрешноста на сателитот. Но, она што го прави ова истражување интересно е фактот дека оваa вода може да е значително подостапна во споредба со водата која се крие во мразот на половите. До оваа вода може да се пристапи преку загревање на изладената лава.
Извор: Astronomija.mk