Лажната верзија на популарната мобилна апликација за комуникација била превземена повеќе од еден милион пати од Google Play Store пред да биде отстранета.
Станува збор за апликација со назив Update WhatsApp Messenger и голем број на Андроид корисници се излажале, затоа што помислиле дека станува збор за апгрејд на оригиналната апликација.
Но, некои корисници на Reddit започнале истражување, па откриле дека во кодот се гледа дека сепак името на девелоперот на лажната апликација е поинакво од името на вистинскиот девелопер на оригиналната операција.
Сепак, корисниците кои што не обрнале доволно внимание не можеле да знаат дали станува збор за лажна или оригинална апликација, па Update WhatsApp Messenger апликацијата била инсталирана на над еден милион уреди.
Од Google Play Store ја отстраниле апликацијата, но засега не е познат каква штета им е нанесена на корисниците кои што ја симнале апликацијата.
Од WhatsApp се огласија и порачаа дека корисниците на оваа апликација кои што новата верзија ја симнувале автоматски, не биле измамени од лажната апликација.