На небото над Тајпеј, главниот град на Тајван, се појави виножито, кое остана цели девет часа, соопшти Кун-Суан Мешана, професор по атмосферски науки од локалниот универзитет. Тој тврди дека ова е најдолгиот лак забележан од 7 часот претпладне до 16 часот попладне на 30 ноември.
Експертот објаснува дека лакот стоел толку долго на небото поради монсуните над Северен Тајван.
За првпат виножитото е забележано уште на 27 ноември каде се задржало нешто помалку од 6 часа. Три дена подоцна, на истото место виножитото се појавило уште утрината и стоело над градот рекордни 9 часа.
Фотографиите направени од страна на професорот Чоу го покажуваат лакот над кампусот на универзитетот од 06:57 до 15:55 часот.