Чернобил е место за коешто слушнале сите по катастрофалната експлозија на нуклеарен реактор во 1986 година. Поради експлозијата уште во првите три месеци по настанот починаа 30 луѓе, а безбрoј луѓе до ден денес ги чувствуваат последиците. Дефектниот реактор го тестираa работници кои не беa доволно обучени и сето тоа имаше фатален крај.
Пареата од експлозијата се прошири низ целата област, а години подоцна околу 50 квадратни километри околу Чернобил се блокирани. Само катастрофата во Фукушима и оваа во Чернобил се класификуваат како категорија 7, што е највисока класификација за една енергетска несреќа. Напуштената област околу фабруката сега е популарна туристичка дестинација, но наскоро ќе биде дом на повеќе од 100 мегават-часови часови енергија добиена од соларни панели, пишува GreenMatters.
Компaниите Rodina Energy Group и Enerparc Ag заедно ќе работат на проект вреден 1,2 милиони долари за поставување соларни панели со моќност од 100 мегавати во близина на сега деактивираниот реактор. И двете компании ја искористуваат понудата на украинската влада за развој на окол 2.500 квадратни километри земјиште за ниска цена. Иако областа уште не е безбедна за земјоделство, идеална е за складирање обновлива енергија затоа што се уште е поврзана на градската електрична мрежа, а е изолирана.
„Делче по делче сакаме да ја оптимизираме зоната во Чернобил. Чернобил не треба да биде црна дупка во срцето на Украина. Нашиот проект е на оддалеченост од околу 90 метри од реакторот“ вели Евгениј Вариагин, извршен директор на Rodina Energy.
Сепак, ова е само незначителен дел од капацитетот на нуклеарниот реактор. Во Чернобил имаше четири реактори секој со капацитет од 1 гигават-час и уште два се развиваа во времето на експлозијата. Три години по несреќата сите беа стопирани.
Украинските компании не се единствените кои се заинтересирани за развој на областа на Чернобил. Според Bloomberg, компани од Франција и од Кина се заинтересирани да градат соларни фарми таму. На пример, Engie SA од Франција спроведува пред физибилити студија за својот проект од 1 гигават-час. Околу контаминираниот дел во Чернобил е изграден високотехнолошки метален контејнер за работниците на соларните фарми да можат безбедно да работат.
Извор: Иновативност.мк
Поврзани артикли