YouTube ја тестира новата опција наречена „Reels” која ќе биде копија на опцијата на Instagram и Snapchat.
Опцијата „Reels” ќе добие сопствен таб кој ќе биде одвоен од главната листа на видеа на YouTube, пишува The Verge.
YouTube се одлучил на оваа опција бидејќи неговите корисници сè повеќе бараат начин да споделат одредена содржина без да мораат да објават снимка на „традиционален начин”.
Процесот на креирање на „Reels” е едноставен, смета „TechCrunch”. Корисниците снимаат неколку видеа од кое секое може да биде со должина од 30 секунди, додаваат микс од филтери, музика и текст и ги објавуваат на YouTube.
Уште една добра работа кај оваа опција е тоа што вашиот YouTube нема да ве „бомбардира” со „Stories” на луѓето кои ги следите, туку тие ќе се појавуваат само доколку редовно ги гледате и следите.
Извор: Zimo.hr