Тајни документи кои полека се појавуваат во јавноста покажуваат дека во минатиот век поранешниот Советски сојуз планирал да направи нуклеарна експлозија на Месечината. Според германскиот историчар Матијас Јул ваква одлука била донесена на состанокот на советското раководство во 1958 година.
На истиот состанок била постигната согласност да биде разработен план за детонирање атомската бомба на природниот сателит на Земјата. Вол, кој работи во германскиот Институт за историја во Москва, дошол до документи од рускиот државен архив, кои сведочат за планот на Москва.
Плановите на највисокиот советски владеачки круг предвидувал лансирање на ракета опремена со атомска бомба, која требала да има експлозивна сила како на онаа фрлена над јапонскиот град Хирошима.
Експлозијата требала да послужи како демонстрација на сила во услови на Студената војна. Сепак, научниците го предупредиле политичкото раководство на ССР дека таквото дејство можело да предизвика непредвидливи последици по нашата планета, па неколку месеци подоцна, проектот бил напуштен.
Поврзани артикли