Google собира податоци за локацијата на Андроид уредите дури и кога услугите за локацијата се оневозможени.
Технолошката компанија потврдила дека испраќала податоци за локацијата од корисниците на Андроид до Google во последните 11 месеци, а податоците биле собирани и од уредите во кои воопшто не била вметната СИМ-картичка.
– Од почетокот на 2017 година собирани се адресите на Андроид корисниците од најблиските мобилните кули дури и додека локацијата е оневозможена, а податоците се испраќаат назад до Google, пишува во извештајот на Quartz.
Истрагата откри дека Google има пристап до локациите на корисниците и го следи секој нивни чекор, што е надвор од рамките за разумно почитување на приватноста на корисниците.
Според Google овој потег е направен со цел во иднина да биде подобрена брзината и ефикасноста на испораката на пораките. Според извештајот на Quartz Андроид уредите ќе бидат следени до крајот на ноември, оваа година.