Дури 17 години биле потребно за стручњаците по компјутерска безбедност да ја откријат ранливоста на Microsoft Office пакетот, којашто на напаѓачите им овозможувала активирање на кодовите без знаење на корисниците.
Се работи за пропуст во делот на програмерскиот пакет под името Microsoft Equation Editor (EQNEDT32.EXE), којшто служи за додавање и уредување на сложени равенки.
Microsoft оваа ранливост на скалата за закани ја означи како “Важна”, но стручњаците по компјутерска безбедност потенцираат дека се работи за исклучително опасна, односно “Критична ранливост” поради фактот дека се провлекува низ сите верзии на Office пакетот, од 2000-та па наваму, и затоа што може да се злоупотреби во сите верзии на Windows оперативниот систем.
Ова е веќе втор безбедносен пропуст којшто за кратко време беше откриен во MS Office пакетот.
Колку за потсетување, неодамна беше откриен и пропуст во алатката Word, којшто на хакерите им овозможувал пристап до компјутерот на корисникот, којшто потоа можел да се користи како дел од мрежа за спам.
Во секој случај, Microsoft ги повикува корисниците на MS Office пакетот да ги ажурираат своите програми како би го санирале пропустот и би го заштитиле својот компјутер и датотеките.
Извор: B92.net
Поврзани артикли