Повеќето сопственици на паметни телефони не се свесни колку се зависни од нив, вели последната студија спроведена од Deloit.
Според добиените резултати, во просек, луѓето гледаат по 47 пати на ден во своите телефони. Очекувано, најактивни се најмладите. Луѓето на возраст меѓу 18 и 24 години во просек погледнуваат во своите смартфони по 86 пати на ден, што е покачување на „зависноста“ за разлика од минатогодишниот просек кој беше 82 пати на ден.
Речиси половина од сите 51.000 луѓе анкетирани во 32 земји низ целиот свет дури и се будат во текот на ноќта за да го проверат својот телефон. Во обид да ја надминат оваа желба, многу луѓе го исклучуваат телефонот и го чуваат подалеку од креветот, додека други го исклучуваат целосно.
Истражувањето покажува дека повеќето луѓе се обидуваат да го намалат времето што го поминуваат со своите телефони, но не сфаќаат дека тие се веќе зависни.
Поврзани артикли