Каиро, престолнината на Египет гради комплекс „од иднината” кој ќе содржи апартмани и канцелариски простори.
Дизајнерите од компанијата „Vincent Callebaut Architectures” најавиле девет цилиндрични структури, покриени со билки кои ги нарекуваат „мегастебла”.
Изградбата започнала во 2014 година, а ќе биде завршена до 2019 година, изјавиле од компанијата за Business Insider.
Футуристичкиот комплекс во населбата Хелиополис е наречен “The Gate” (Врата), а се простира на речиси половина милион квадратни метри. Највисоките катови на зградите ќе бидат поврзани со пешачки мостови, а содржи и простор за детски игралишта и мали градини за развој на овошје и зеленчук.
Богатите станари ќе имаат можност да уживаат во големиот базен и трговскиот центар кој ќе се простира на три ката. Освен тоа, комплексот нуди и четири подземни нивоа за паркинг.
Покрај сето ова, сите апартмани ќе имаат бројни иновативни карактеристики како сензор за движење и регулирање на светлината и температурата, а зградите делумно ќе се снабдуваат со соларна и ветерна енергија.