Повеќе од 15.000 научници од различни земји ставија свои потписи под второто „Предупредување за човештвото“. Тие тоа го сторија со цел да привлечат внимание од страната на луѓето за катастрофалните еколошки промени на планетата, се вели во манифестот.
Првото вакво предупредување научниците го испратија уште во 1992 година. Во листата на имиња кои ставија потписи на првиот манифестот беа 1700 врвни научници меѓу кои добитници на Нобеловата награда. Во „Предупредувањето за човештвото бр. 1“ се вели дека светското население почнало да ја уништува природата и степенот на штетата има потенцијал да предизвика феномени како што се осиромашување на озонот, уништување на флората и фауната во океаните, уништување на шумите, климатски промени и уште ред други страшни работи.
25 години подоцна беше објавено и второ предупредување. Овој пат повеќе од 15.000 илјади научници од 184 земји од светот ги ставија своите потписи под него. Тие објавија статистики според кои четвртина век човештвото не успеало да ги реши проблемите со животната средина, а многу од нив станале уште посериозни. Сепак, во документот има и позитивни моменти. На пример, научниците забележаа дека количината на супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка се намалени.