Со оглед на денешната напредна технологија многу е веројатно сегашните бебиња во блиска иднина да не можат да разликуваат жив човек од хуманоид. Светските медиуми пренесуваат како отсега сопственото и здравјето на вашето бебе може да биде следено од сечиј дом, и тоа со помош на специјализиран уред и паметен телефон. За среќа, во моментот експертите не се премногу воодушевени. Загрижува фактот што ваквиот вид технологија може да стане замена за родителството.
Имено, оваа година Consumer Electronics Show распиша натпревар за откривање на најдобриот уред за следење на бебињата. Меѓу конкурентите имало над триесет додатоци на технологијата. Меѓу направите се набљудувачките монитори, биометриските чизми, кои ви испраќаат информации за брзината на отчукувањето на срцето, температурата на телото, положбата на телото и навиките на спиење на вашите деца. Движењето на едно бебе во текот на една ноќ било следено од производот на компанијата „Мимо“.Тој им испраќа на родителите податоци преку паметните телефони, на пример, ако детето подолг период е немирно. Во теорија тоа звучи одлично и се чини дека на крајот ќе можете мирно да спиете знаејќи дека со вашето дете сè е во ред.
Модерната технологија што се произведува во служба да ги следи бебињата е остро осудена од страна од јавноста.
Направата наречена „Аристотел“ соработувала со детето, му читала приказни за добра ноќ и собирала податоци од детето што го набљудувала.
Многумина со причина се загрижени дека децата во иднина би можеле тешко да го разликуваат уредот од човекот, пишува „Дејли мејл“.
Минатата година е дизајниран застрашучваки хуманоиден робот од Хансон Роботикс, кој го нарекле „Софија“. Дизајниран е како посебна раса, која ќе се стопи со луѓето во иднина.
Се чини дека тоа време ќе дојде и многу побргу со оглед на тоа што веќе на ваквиот робот му е направено и телевизиско интервју, во кое машината првин изјавила дека сака да биде амбасадор на луѓето, но и дека сака да еволуира во системот на образованието и дека сака да има семејство.
Од компанијата „Хансон“ тврдат дека „Софија“ наскоро ќе стане свесна, креативна и способна личност како кој било човек.