Аналитичарот Минг-Чи Куо од „KGI Securities“ објави белешка до своите клиенти, која е цитирана и од „AppleInsider“ и според која Apple работи на 6,5-инчен iPhone со OLED дисплеј кој ќе биде пуштен во продажба во втората половина од 2018-та година. Овој телефон најверојатно ќе биде претставен како iPhone X Plus со OLED екран од крај до крај.
Но „Apple“ исто така работи на нов LCD екран со голем 6.1-инчен дисплеј, вели Куо. Тој верува дека овој модел ќе биде насочен кон пазарите на паметни телефони со ниски и средни цени. Овој нов модел ќе се „разликува значително“ од моделите со OLED, што доаѓа со екран со пониска резолуција, за да се постигне цена во опсег помеѓу 650 и 750 долари. Но најверојатно и овој модел ќе содржи Face ID и добро развиени камери за да го замени Touch ID, вели Куо.
Тој исто така верува дека Apple значително ќе го намали обемот на овој LCD модел благодарение на отстранувањето на Touch ID.
Овие два телефони ќе бидат придружувани од следната генерација на iPhone X, вели аналитичарот. Тој ќе дојде со истиот 5.8-инчен OLED дисплеј, како неодамна претставениот модел.
Со три нови мобилни телефони кои очигледно ќе бидат претставени пред публиката на крајот на 2018-та година, Apple ќе оформи „суперциклус“ на продажба, помогната од фактот дека синџирот на снабдување на компанијата ќе биде во можност да се справи со производството на новите технологии воведени во iPhone X“, објаснува аналитичарот.
За новиот огромен 6,5-инчен iPhone прв пат зборуваше во септември. Во тоа време самиот Куо напиша дека сите телефони на концернот, кои ќе се претстават догодина, ќе содржат Touch ID или Face ID, овозможувајќи постепеното намалувањето на физичкото „home“ копче.
Сегашниот iPhone 8 има 4,7-инчен екран, iPhone 8 Plus е со екран со големина од 5,5 инчи, а iPhone X има 5,8-инчен OLED екран.
Поврзани артикли