После новото откритие, се повеќе научници веруваат дека во Сончевиот систем постои уште една, деветта планета.
Џеки Фаерти, постар научник и предавач на Одделението за астрофизика и едукација во Американскиот природен музеј, вели дека поголемиот дел од доказите кои укажуваат на постоење на деветта планета доаѓаат од набљудување на објекти кои се наоѓаат во таканаречениот Кајперов Појас.
„Тоа е појас на објекти кој се наоѓа зад планетата Плутон. Го сочинуваат остатоци останати од периодот кога настанувал Сончевиот систем“, вели таа.
Минатата година, двајца научници објавија истражување во кое се занимаваа со истражување на елиптични орбити на шест познати објекти кои се наоѓаат во внатрешноста на Кајперовиот појас.
„Се чини дека тие орбити се многу елиптични и начинот на кој објектот орбитира по нив наведува на доказ дека постои нешто во нив. Една од причините која би можела да предизвика гравитациона промена на правилните движења на небесните тела би била уште една планета во нашиот Сончев систем која е многу поодалечена од сите останати“, вели Ферти.
Како што објавија научниците од претходно, новата планета е 14 пати поголема од Јупитер, поради што и го доби називот „Монструм“, а се наоѓа на оддалеченост на 22.000 светлосни години од Земјата.
Извор: Кајгана