Резултатот од заедничкиот проект на Aston Martin и германската компанија Storck е велосипедот кој ќе биде понуден во само 107 примероци и тоа по цена од 17.527 долари.
Aston Martin не е ни првата ни последната автомобилска компанија која своето име го ставила во рамки на велосипед, а последниот резултат од соработката со познатата германска компанија Storck е врвниот велосипед наречен Fascenario.3

Масата на аеродинамичката оптимизирана карбонска рамка изнесува само 770 грама, а масата на комплетниот велосипед изнесува 5,9 килограми.

Обоен со уникатна боја (Argentum Nero) позади која стои одделот Q на Aston Martin, велосипедот има кочници Fibula2 и тркала од компанијата Pirelli.
“Врвните спортски автомобили и врвните велосипеди имаат многу заеднички карактеристики, а ова е веројатно најдобриот велосипед досега, кое на себе го носи името на автомобилската компанија”, изјавил Маркус Сторк.
Извор: Klix.ba