Видеото на кое руската студентка Јевгенија С. (19) изведува стриптиз за да го добие најновиот iPhone предизвика бура на социјалните мрежи во Русија. Изведениот стриптиз имал сериозни последици за неа, пренесува „Дејли мејл“.
Оваа девојка е исфрлена од факултетот откако учествувала во играта во која наградата била најновиот паметен телефон, iPhone Х. Телефонот што го добила во замена за стриптиз бил евтин и украден.
Снимката е направена во „Троитски“ во Русија, а на неа се гледа како Јевгенија со рацете ги покрива голите гради додека неколку мажи гледаат и довикуваат. Јевгенија е исфрлена од педагошкиот колеџ откако професорите ја виделе видеоснимката на интернет.
Нејзината мајка Елена наводно работела неколку работи за да ѝ го плати образованието. Изјавила дека нејзината ќерка е доволно стара за да донесе свои одлуки, но понекогаш го работи она што другите ќе ѝ кажат.
„Таа нема 15 години, требало да мисли со својата глава“, изјави Елена.
Погледнете го видеото: