Како би реагирале кога би дознале дека во последната година вештачка интелигенција го следи секој чекор во вашиот град? Такво нешто веројтно би предизвикало скандал во многу земји во светот, но за жителите на кинескиот град Хангџуа, каде што живеат 9 милиони луѓе, тоа е сосема нормална работа.
Имено, кон крајот на минатата година во градот беше инсталиран систем наречен „мозок на градот“, кој се базира на вештачка интелигенција и на чиј развој работеа две големи кинески компании – Alibaba и Foxconn. Задача на системот е да следи се што се случува во градот – од сообраќајниот метеж преку криминалот, па дури и активноста на луѓето на социјалните мрежи, нивното движење, користењето на јавниот превоз и слично. Не станува збор за надзор кој шпионира се во градот, туку системот е поставен за да го олесни урбаниот начин на живот. Сите податоци ги обработува вештачка интелигенција и нуди решенија за да се решат некои проблеми како сообраќајната гужва и судирите, непрописно паркираните автомобили, апсењето криминалци и слично.
Кина и Кинезите во однос на многу други земји не се толку опседнати со приватноста, така што не е преголем проблем да се имплементира еден ваков систем кој ги следи сите случувања во градот. Во текот на изминатата година системот се покажа успешен. Се намали бројот на сообраќајни незгоди и криминалот затоа што системот може да предвиди на кои места може да се очекува најголема гужва, па ги прилоагодува семафорите на ситуацијата и со тоа спречува гомилање на возилата. За воведување сличен систем размислуваат и други градови во Кина, а со тек на време би можел да се применува и во други градови кои имаат слични проблеми.
Извор: Zimo.hr