Откако Twitter го зголеми бројот на карактери за твитовите од 140 на 280, група хакери покажаа дека тој може да биде многу подолг.
За време на викендот, на профилот на Timrasett од Германија објавен е твит со 30.396 карактери. Веднаш е избришан, но го сочуваа другите корисници и го споделија на интернет.
Првиот дел е на германски јазик: „Луѓе, @Timrasett и @HackneyYT можат да го надминат ограничувањето на карактерите. Не верувате: Овде имате доказ со повече од 35K карактери“.Потоа следуваат безсмислени бројки и букви.
Timrasett му се извини на Twitter велејќи дека само сакале да покажат дека многу лесно можат да ја разбијат социјалната мрежа.