Чарли Бесвик била шокирана кога на Instagram забележала дека била избришана фотографијата со нејзиниот дванаесетгодишен син Хари.
Малиот Хари има Голденхаров синдром, ретко нарушување кое предизвикува деформација на лицето. Во неговиот случај тоа значи дека тој нема нос и око на едната страна на лицето, а на спорната фотографија не го носел вештачкото око.
Instagram-профилот на кој неговата мајка ги документира нејзините семејни моменти брои 17.000 обожаватели, а се чини дека некои од нив биле згрозени од лицето на детето, па фотографијата ја пријавиле. Службите на Instagram ја отстраниле фотографијата два дена по објавата, а Чарли веднаш го изразила своето незадоволство обраќајќи им се на луѓето кои го дискриминираат нејзиниот син. Таа добила голема поддршка од своите обожаватели. Фотографијата наскоро била вратена, но Чарли не добила никакво извинување.„’Инстаграм’ не ми се извини. Ја вратија фотографијата, но не објаснија зошто воопшто ја избришале. Навистина ме иритира тоа што фотографијата од моето дете беше отстранета. Да потрошеа само 30 секунди да ја проверат ќе забележаа дека фотографијата доби добар одѕив од следачите на профилот“, изјави таа.
Иако на фотографијата со синот таа добила главно позитивни коментари, таа признава дека има и такви кои се прилично грозни.
„Ми пишуваа дека требало да ја запалам и дека моето дете е чудовиште“, раскажа таа.
View this post on InstagramA post shared by ✨Our Altered Life✨ (@ouralteredlife) on
Чарли ментално е на возраст на двегодишник, а има и потешкотии со говорот. Роден е без очна шуплина, око, уво, ноздра, а и вилицата му била неразвиена на едната страна.
Видете ја спорната фотографија:
View this post on InstagramA post shared by ✨Our Altered Life✨ (@ouralteredlife) on